Семејните винарии се претставија на Тиквешки вински салон

Од:

Семејните винарии се претставија на Тиквешки вински салон денеска во Кавадарци. Заменик министерот за земјоделство, Трајан Димковски, потсети на изминатите две години соработка кои резултираа со законски измени, олеснети постапки и регистрирање на семејни винарии.

Тој додаде дека преку ваквите семејни бизниси може да се произведе некаде над сто илјади литри флаширано вино, а тоа е само почеток. Притоа се осврна и на одлуката од пред две години да се поддржуваат вакви манифестации, на кои се промовира производство, но и на ковид мерките и стартапите.

-За првпат кај нас станува збор за поддршка на стартапи во земјоделството. Овде влегуваат и семејните винарии. Планот е во наредните три години некаде околу 300 стартапи да бидат финансиски поддржани и тоа до 10 илјади евра по стартап, фирма. Со тоа ќе може да се подобри квалитетот и да се направат подобри стандарди, нагласи заменик министерот.

Настанот е поддржан од Министерството за земјоделство, отсек рурален туризам.

Претседателот на Здружението „Тиквешки семејни винарии” кое беше организатор, Горан Јаковлевски рече дека поголем дел од членките на Здружението, со законските измени, станаа регистрирани производители.

На настанот кој се одржува на отворено, се почитуваат мерките за превенција од коронавирус.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Со мерките на СДСМ расте производството и извозот на македонско вино

Ковачевски за обвинувањата од Трипуновски: Тој доаѓа од партија што смета дека вино се прави од стиропор

Орце Костов

Николовски: Малите семејни винарии се успешна приказна, регистрирани 173 вакви винарии

Горан Наумовски

МЗШВ: Владата ги усвои програмите за поддршка на малите производители на храна и малите производители на вино за 2024 година

Вкупно 87 договори за грант поддршка на мали семејни винарии доделени во Неготино

Утре ќе се доделат договори за грантови до 10 илјади евра за мали семејни винарии