(ВИДЕО) Селмани: Секој кој ќе се обиде да се пресмета со новинарите завршува неславно!

Од:

Насер Селмани, претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, во моментот кога Собарниското тамошното обезбедување се обиде да ги избрка новинарите, снимателите и фоторепортерите, во знак на протест даде предлог да не се следат прес конференциите и соопштенијата кои пристигнуваат од власта.

Денеска на најбрутален начин бевме спречени од обезбедувањето на Собранието да си ја вршиме работата. Додека пратениците беа во салата на сила нѐ изнесоа од галеријата. Ова е неодговорно однесување на власта во обид да се пресмета со новинарите. Тие денес испратија вистинска слика за Македонија. Ова е вистината за Македонија. Но, знам дека тие што сакаат да се пресметаат со новинарите на крај завршуваат неславно`, рече Селамани.

Обезбедувањето ги извлече новинарите, снимателите и фоторепортерите од галеријата со образложение дека нема што да седат таму кога нема пленарна седница.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги