Селмани повикува на референдум за разрешување на Иванов

Од:

Поранешниот кандидат за претседател, Имер Селмани, смета дека ниту зголемен меѓународен притисок, па ниту некакви санкции ќе можат да го разубедат Иванов да ја смени неговата одлука за мандатот, пренесува Алсат М.

Поради тоа Селмани не е воопшто изненаден од тоа што Иванов остана цврсто на својот досегашен став и по вчерашната средба со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

„Господинот Иванов се однесува како сопственик на Македонија, а не како претседател на земјата. Ги суспендира сите уставни членови кои му даваат обврски и задачи како претседател и се однесува како диктатор кој си дава право себеси кому да му даде власт, а кому не за формирање на новата влада. Тој го суспендираше Уставот и основното начело на демократијата со фактот што не го даде мандатот на новото парламентарно мнозинство кое има 67 потписи за формирање на нова влада и не очекувам јас или граѓаните дека ќе ги омекне ставовите. Во овој поглед кога не може да се постигнат две третини од гласовите во Собранието за да се покрене иницијатива за негово разрешување и да сноси одговорност пред Уставниот суд, мислам дека ситуацијата созреа граѓаните да се организираат со политичките партии на новото мнозинство и критичарите и за оваа ситуација која ја уништува земјата да собираат потписи и референдум за негово разрешување од позицијата претседател на државата“, вели поранешниот политичар, Имер Селмани.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски