Селмани очекува Обвинителството да поднесе пријава против лицето кое му се закануваше

Од:

Претседсателот на Сдружението на новинарите Насер Селмани очекува во скоро време Обвинтелството да излезе со пријава за лицето кое му упатуваше закани.

– Неколку пати бил во Обвинтелството. Се прават проверки кои треба да ги направи Обвинителството. Постојано сме во комуникација и со МВР ако треба некоја интервенција, како праќање допис до фејсбук да се направи проверка дали тоа е лицето кое го пријавивме дека се заканувало. Постапката трае и очекувам во блиска иднина да се затвори случајот и да се излезе со пријава до Судот, рече Селмани.

Според него, Обвинителството веќе има извршено разговор со пријавеното лице.

Би можело да ве интересира

Обвинителство: Обвинителката Џабирова Велков во случајот „Тотал“ морала да изврши преквалификација на обвинението

МИМ и ЗНМ го претставија новиот Кодекс на новинарите: ВИ може да помогне, но никогаш нема да биде новинар

ОЈО Скопје бара мерки на претпазливост за три лица за насилство врз дете во Маџари

Обвинителството бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени во рамките на истражната постапка за проневера на над 180 милиони денари во ФФМ

Предраг Петровиќ

Власта ги прелажа вработените во обвинителствата, предложен е закон кој не е по мерка на јавнообвинителска служба

Горан Наумовски

Наташа Крстева Цалева останува вршител на функцијата Виш јавен обвинител во Скопје