Села: Заев нека смисли позиција заменик премиер за носење бурек

Од:

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села по средбата со премиерот Зоран Заев кажа дека не сака да се откаже од Министерството за здравство.

Остануваме на ставот дека нема да прифатиме позиции кои се токмат преку ноќ и со кои се омаловажува Алијансата за Албанците. Јас предложив друга позиција да смисли премиерот-заменик премиер за носење бурек која ќе му ја дадам на ДУИ. Ние го држиме министерството за здравство, договорот е направен за ресори кога се направи владата. Ако на некој му пречи успехот треба да излезе и да каже дека е проблем да имаме успешни министри.

Ако треба да има договор треба да се однесува на целата владина коалиција. Заев ќе ви го соопшти неговиот став, рече Села на прашањето што му рекол премиерот.

– Ние остануваме во владата до процесите на реформи кои ги поддржуваме. Ние сакаме остатоци од режимот кои се во оваа влада да сносат одговорност. Правдата е целосна ако се однесува на сите, без разлика дали се сегашни или бивши функционери.

Ако Заев испрати предлог за министер за здравство, односно ако настапи со нивниот предлог Села рече дека Алијансата за Албанците ќе заземе став дали ќе излезе од владата.

-Се надеваме дека предлогот ќе биде од Алијансата за Албанците зошто премиерот ќе се покаже сериозен и дека не потклекнува на притисоци и политички игри, рече Села.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

Алијанса за Албанците: Резултатите од ПИСА 2025 – црвен аларм за образованието

A1on

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп