Села и Гаши: Оваа Влада е нелегитимна и ќе биде со краток рок

Од:

Лидерите на Алијанса за Албанците, Зијадин Села и на Алтернатива, Африм Гаши, велат дека се разочарани од постигнатиот коалициски договор Заев-Ахмети. Села рече дека ДУИ ги изиграл гласачите, Албанците и според него ќе ги врати 18 години назад, заробени и без можност за остварување на своите права. Засега од оваа коалиција, велат дека нема да го бојкотираат Собранието,иако според нив оваа влада е нелегитимна.

„ДУИ победи со измами, уцени и заплашувања. Така и ќе продолжат. Знаеме за сета манипулација што ја правеа на денот на изборите, за што и покренавме и до Обвинителството како гласаа луѓе од Швајцарија кои не се тука. За нас овој договор е нелегитимен. ДУИ нема тежина на зборот, со самиот факт што не успеа да го реализира единственото изборно ветување за премиер Албанец. Собираше гласови, на манипулација и за жал така и ќе продолжат. Ние тоа нема да го дозволиме, нема, да дозволиме да бидат лажени Албанците. Во тој договор, не стана збор за ниту едно право на Албанците, за подобар живот, за одење напред. За Џафери нека дојде Ахмети да го гласа за претседател, затоа што јас го гласав знаете под какви околности. Бојкот нема да има, за тоа ќе одлучуваат партиските органи и тела“, рече Зијадин Села на прес-конференција пред Собранието.

Неговиот коалиционен партнер Африм Гаши, рече дека оваа влада нема да има долг век и дека ќе се растури за кратко време, но не кажа дали тоа значи дека ќе има нови предвремени избори и политичка криза.

„Ова Влада нема легитимитет и нема да трае долго, ќе се распадне. Тоа е и најдоброто решение, за сите. Ние ќе се бориме со сите демократски капацитети, да ги спречиме манипулациите што ќе ги прави со албанските гласачи“, додаде Гаши.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО