Села и Гаши до ДУИ: Или Зибери премиер или одете си во опозиција

Од:

Коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива на Зијадин Села и Африм Гаши, од денешната прес-конференција им порача на ДУИ, доколку со Заев не успеат да се договорат за Премиер Албанец, да си заминат во опозиција.

Како што велат од коалицијата, ДУИ треба да си остане на зборот и премиерот Албанец да има мандат од четири години како што ветиле на изборите, а не ротирачки модел со учество од една или две години, затоа што според нив тоа е манипулација со гласачкото тело. Доколку ДУИ договори коалиција со Заев под овој услов, тие ќе го поддржат предлогот Насер Зибери да биде избран на премиерската функција.

„Иако не сме легитимни победници на изборите на 15 Јули во албанскиот политички камп, ние нема да влеземе во преговори, се додека ДУИ не го исполнува предизборното ветување за Премиер да биде Насер Зибери.
Дури, како што сме кажале, ако во Собранието на Република Северна Македонија доаѓа предлог Насер Зибери да биде Премиер, ние со нашите 12 Пратеници ќе гласаме за истиот. Но, ако ДУИ не успее да го реализира ова ветување, за што има легалитет, таа партиа нема право да биде дел од идната влада и нејзиното место е во опозиција. Или Насер Зибери премиер или одете во опзиција “, рече Скендер Зејд Реџетпи од Алтернатива, во името на коалцијата.

Повторија дека ќе чекаат ДУИ да ги завршат преговорите, па кога ќе добијат покана за средба, тие ќе настапат. На прашањето дали и тие ќе бараат премиер Албанец, велат дека тоа не било дел од нивната платформа.

„Доколку добиеме покана за преговори, ние ќе ги изнесеме нашите барања, а тие се содржани во нашата предизборна платформа. Ние со нашата програма која сакаме да биде дел од програмата на идната влада, бараме подобар живот и оставарување на уставните права на Албанците. Барањето за премиер Албанец беше прелог на ДУИ, кои впрочем немаа програма туку единстевно тоа го понудија“, рече Реџепи.

Од двете партии велат дека засега немале средби со СДСМ и лидерот Заев околу евентуалното коалицирање. Се одржале неколку неформални, како што велат пријателски средби, но немало никакви договори и преговори за влез во Владата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Промената на балансерот е удар за сите етнички заедници во државата

Горан Наумовски

Вреди: ДУИ остана сам, дури и СДСМ се покаја за измените на Кривичниот законик

Села: Ново уредување на уставниот поредок една од темите на Централното претседателство на АА

Таравари: ДУИ 22 години беа на власт и ништо не направија, а сега од опозиција имаат големи идеи

ДУИ: Коалицијата од губитнички албански партии без срам продолжува да клевети

Горан Наумовски

Коалиција ВЛЕН: Нема да дозволиме ДУИ да ги користи Албанците како штит за нивното криминално владеење

Катерина Ѓуровски