Секуловиќ нема информации дали се разменети сите информации на двете МВР за бегството на Груевски

Од:

Генерално во однос на размената на информациите соработката е одлична на МВР на С. Македонија и на Црна Гора. Во текот на 2020 година помеѓу Националните бироа на Интерпол се разменети околу 540 информации, а Секторите на криминалистичка полиција или Секторите што се занимаваат со организиран криминал имаа низа успешни акции, размената на податоци за миграциите и реадмисиите функционира одлично. Тоа е реалноста на односите помеѓу С. Македонија и Црна Гора.

Ова го изјави црногорскиот министер за внатрешни работи Сергеј Секуловиќ, на прес-конференцијата по денешната работна средба со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

На новинарско прашање дали се разменети информации за бегството на Никола Груевски, Секуловиќ одговори дека во овој момент не може јасно да одговори, бидејќи, како што рече, нема прецизни информации.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Не преиспитуваме судски одлуки, туку ги спроведуваме – Министерство за правда за случајот Груевски

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

Груевски до министерот за правда: Го гледам и не личи дека СДСМ на криминалецот Заев заминала од власт

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош