Седум златари во Охрид и осум во Струга затворени од УЈП

Од:

Петнаесет златари и една бетонска база во Охрид и Струга се контролирани во вчерашната заедничка акција на полициски службеници, инспектори од УЈП и Републичкиот пазарен инспекторат.

Седум златари во Охрид и осум златари во Струга, како и една бетонска база во Охрид се затворени од страна на Управа за јавни приходи, соопшти денеска МВР.

Констатирани се низа прекршоци по законот за регистрирање готовински плаќања, законот за платен промет и законот за трговија.

Поради неиздавање фискални сметки на правните субјекти изречени им се парични казни од 3.250 евра и 15 дена затворање на деловниот субјект.

На бетонската база во Охрид изречена е парична глоба од 3.250 евра односно 2.500 евра за правниот субјект и 750 евра за одговорното лице.

Во акцијата, пазарниот инспекторат од неколку златари во Струга одзеде околу четири килограми злато а во Охрид златен накит од околу 500 грама. 

Би можело да ве интересира

Почина обвинителот Џемал Лога од Струга

А1он

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Поети од пет земји ќе учествуваат на литературната манифестација „Бранувања“ во Струга

А1он

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски