Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се предлог измените на Законот за договорен залог и Предлог законотѕ за амнестија, двата во прво читање.
Комисијата за финансирање и буџет ќе расправа по предлог измените на Законот за финансиска дисциплина во прво читање, а Законодавно-правната комисија ќе ги разгледа Предлог буџетот на Република Македонија за 2016 година во второ читање и Предлог-законот за извршување на Буџетот по скратена постапка.