СПЦ го смени „БЈРМ“ со Р.Македонија

Од:

Српската православна црква го коригира соопштението за неодамнешната посета на рускиот митрополит Иларион на Скопје во кое Република Македонија беше именувана како „БЈРМ“.

Во новото дополнето соопштение потпишано од портпаролот на СПЦ епископот бачки Иринеј, „БЈРМ“ е заменето со Р.Македонија, но за Македонската православна црква-Охридска архиепископија и натаму се користат термините „самопрогласена и неканонска“.

СПЦ во соопштението објавено на нејзината интернет страница ја поздравува иницијативата на Руската православна црква искажана при неодамнешната посета на митрополитот Иларион на Македонија за надминување на несогласувањата меѓу Македонската и Српската црква, како и за ослободување на Јован Вранишковски.

Г. Иларион во Скопје се сретна со поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски.

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија по посетата на митропилитот Иларион, соопшти дека ја прифаќа иницијативата на Руската православна црква да даде придонес за обновување и успешно реализирање на дијалогот меѓу МПЦ-ОА и Српската православна црква и побара од македонските власти милост за поранешен митрополит Јован Вранишковски заради, како што беше наведено, повисоки цели.

Би можело да ве интересира

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Патријархот Порфорие нареди да им се исплати помош од 100.000 евра на најзагрозените во Босна и Херцеговина.

Предраг Петровиќ

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

Поглаварите на МПЦ – ОА на СПЦ ќе одржат заедничка литургија во Охрид

Катерина Ѓуровски

Поглаварите на МПЦ и на СПЦ во Охрид ќе одржат заедничка архиерејска литургија

Ана Ололовска

ПОА на Вранишковски ќе се интегрира во Синодот на Македонската православна Црква – СПЦ донесе одлука