Седница на Уставен суд

Од:

Уставниот суд на денешната седница укина една одредба од Законот за игрите на среќа и забавните игри, донесен 2011 година и пет пати дополнуван досега.

Укинатата одредба предвидуваше можност овластено службено лице од Управата за јавни приходи да изврши запечатување на деловна просторија во која се приредуваат игрите на среќа и да донесува решение со кое се забранува приредување игри на среќа во таа деловна просторија во рок од 10 години, а вршење на друга дејност во рок од една годнина, доколку при надзор се утврди дека приредувањето на игри се врши без издадена лиценца или дозвола или ако приредувачот на игрите има лиценца или дозвола, но не ги плаќа јавните давачки утврдени со закон.

Укинувањето се однесува на делот од одредбата „донесување решение со кое се забранува приредување на игри на среќа во таа деловна просторија во рок од 10 години, а вршење на друга дејност во рок од една годнина во таа просторија“.

Укинувањето е затоа што одредба за донесување решение за забрана за приредување игри на среќа во деловна просторија во рок од 10 години, а вршење на друга дејност во рок од една годнина, се однесува на забрана на користење на деловната просторија, а не на вршење на дејноста, со што се доведува во прашање владеењето на правото.

Уставните судии денеска не поведоа постапки за одредби од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, од Законот за парничната постапка, од Законот за финансиска дисциплина и од Законот за прекршоци на јавниот ред и мир, а ја отфрлија иницијативата поднесена на Законот за облигациски односи.

На седницата беше поведена постапка за оценување на уставноста и законитоста на Правилникот со кој се регулираат права и обврски од солидарните трошоци, а кој Правилник е донесен од ЈП „Комуналец“ од Гевгелија во јануари 2005 година и одобрен од Советот на општина Гевгелија.

Поведувањето на постапката е затоа што Правилникот наметнува обврска на корисниците на гробиштата во Гевгелија да мора да ги користат услугите на ова јавно претпријатие за да можат да ги користат средствата од солидарниот фонд за погребални услуги, иако според Законот за гробишта и погребални услуги тие услуги може да ги вршат различни субјекти на пазарот со што Правилникот има карактер на акт со кој се создава монопол на пазарот, па таквиот акт нема уставна основа.

Уставниот суд денеска не поведе постапка за Правилник за работа на автошколите за оспособување на кандидатите за возачи, донесен 2013 година и за десет члена од Статутот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, донесен 2013 година.

Би можело да ве интересира

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Нино Васев не смее да оди на работа во Онкологија – судот ги прифати мерките од обвинителство

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он

Седница на Уставен суд

Од:

Уставниот суд на Република Македонија на денешната седница расправаше за целината на Законот за вршење на сметководствени работи, донесен 2012 година, како и за осум членови од тој Закон одделно, а расправата е поттикната со три иницијативи упатени до Судот.

Судот реши да поведе постапка во однос на член 30, став 1, точка 5 од Законот, кој предвидува ако сметководител или овластен сметководител биде осуден со правосилна судска пресуда во врска со работењето да биде избришан од соодветниот регистар.

Постапката е поведена затоа што одредбата предвидува граѓанин да трпи последици за недоволно дефинирано дело во врска со работењето, бидејќи недоволно е дефинирано делото и таа последица ја трпи надвор од правосилна судска одлука, а тоа не е во согласност со член 13, став 1 од Уставот, според кој само со правосилна судска одлука со која е утврдена вина и изречена казна граѓанинот може да трпи последици за своето однесување.

Во однос на другите одредби од Законот, како и за целината на Законот, Судот одлучи да не поведе постапка, затоа што оцени дека и целината на Законот и одделните одредби што се оспоруваат не ги доведуваат во прашање уставните определби.

Судот денеска поведе постапка и за Одлука на Советот на општина Центар во Скопје, донесена во април 2012 година, со која се врши изменување и дополнување на Детален урбанистички план „Долно Водно“, односно просторот од ОУ „Кочо Рацин“ па десно.

Поведувањето на постапката е затоа што Судот утврди дека откако Предлог-планот бил на јавна презентација и расправа во состав на кој биле примени и прифатени некои забелешки од граѓаните настанала промена на планот при што биле засегнати други граѓани, но на нив не им била дадена можност тие да дадат забелешки по ново утврдениот предлог план со што не била обезбедена постапката предвидена со Законот за просторно и урбанистичко планирање и се создавала правна несигурност со што се довело во прашање владеењето на правото. Истовремено на седницата беше изречена привремена мерка запирање од извршување на поединечните акти и дејства до донесување на конечна одлука на Судот.

Судиите не поведоа постапка за Законот за радиодифузна дејност, во врска со тоа дали определувањето трговци-поедници кои имаат до 20 вработени да плаќаат една радиодифузна такса има уставна основа. Неповедувањето на постапката е затоа што радиодифузната такса е јавна давачка која според член 33 од Уставот на РМ се воведува со закон, при што секој субјект е должeн да ја плаќа таа давачка без оглед дали користи или не радио и ТВ сигнал, па поради тоа таквата определба на законодавецот има уставна определба.

Судот расправаше и не поведе постапка за одредба од Тарифниот систем за продажба на електична енергија, донесен 2011 година од Регулаторната комисија за енергетика. Неповедувањето на постапка е затоа што беше оценето дека за различни категории тарифни потрошувачи (тоа се оние кои трошат 35 киловолти напонско ниво, оние кои трошат шест до 10 киловолти, како и оние кои трошат 0,4 киловолти напонско ниво, односно домаќинствата), може да се определува различна тарифа со оглед дека во прашање е различна стока поради што не се доведува во прашање слободата на пазарот и еднаквоста на граѓаните. Значи за различна стока оправдано е да има различна цена.

Би можело да ве интересира

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Нино Васев не смее да оди на работа во Онкологија – судот ги прифати мерките од обвинителство

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он