На седница на ДИК ќе се разгледуваат теми поврзани со изборите

Од:

Државната изборна комисија денеска ќе одржи седница на која ќе ги разгледуваат Предлог – обрасците за претседателските избори, како и предлог-обрасци на избор на градоначалник на општината, Предлог одлука за утврдување трошоци за спроведување на изборни активности во реално направени износи, како и Предлог – одлука за доделување на средства на општинските изборни комисии за спроведување на изборите 2019 година.

Членовите на Комисијата ќе ја разгледуваат и Предлог – одлуката за доделување на авансни средства на подрачните одделенија и канцеларии за обиколка и обезбедување на избирaчките места, Предлог – Кодексот за набљудување на претседателските избори 2019 година и предвремените избори за градоначалници во општините Охрид, Ново Село и Дебар, какоо и Предлог – упатство за изглед на беџовите за идентификација на изборните органи, изборната администрација, овластените претставници на подносителите на листа на кандидат, меѓународните и домашните набљудувачи за изборите 2019 година.

На дневен ред ДИК е и Предлог – прирачникот за едукација на членовите на општинските изборни комисии, избирачките одбори и избирачките одбори за спроведување на гласањето во странство.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме