Сеад Кочан треба да се јави во затвор на 17 јули

Од:

Судија за извршување санкции во предметот на СЈО „Труст“, изготвил и му доставил упатен акт на бизнисменот Сеад Кочан да се јави во затвор на 17 јули. Кочан со правосилна пресуда е осуден на ефективна казна затвор од четири години и 8 месеци.

„Според упатниот акт, а согласно член 137 и 139 ст.3 од Законот за извршување снакции, осудениот е должен на 17.07.2019 да се јави на издржување на казната затвор во наведената казнено поправна установа“, соопштија од Кривичниот суд.

На обвинетиот Василије Авировиќ во предметот „Труст“, скопска Апелација му изрече алтернативна мерка условна осуда, казна затвор во траење од две години која нема да се изврши доколку обвинетиот за време од пет години по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.

Сеад Кочан претходно со првостепената пресуда беше осуден ан 6 години затвор, а Авировиќ на 3 години затвор. Обвинетите беа осудени за злоупотреба на постапка за јавна набавка. И двајцата добија забрана за вршење дејност и да бидат управители или одговорни лица на правно лице во траење од 3 години. Третообвинениот во предметот, Сафет Ватиќ, беше ослободен од обвинението, како и неговата фирма „Вато“ ДООЕЛ.

Правните лица „Трансмет“ и „Силекс неметали – Кратово“ добија парична казна од два милиони денари. И двете фирми добија забрана за учество во јавни набавки за три години. Судот определели за нив и конфискација на имот од 1 милијарда и 60 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Антикорупциска: Како знае ОЈО дека Иницијативата е беспредметна кога уште не е доставена

Катерина Ѓуровски

Обвинителството и се налути на Антикорупциска заради „Труст“: Иницијативата е беспредметна и непотребна

Катерина Ѓуровски

Ајро и Бубевски: Сите наводи во кривичната пријава од Државното правобранителство за предметот „Труст“ ги отфрламе како невистинити

А1он

Министерството за правда одлучи оваа година да не предложи листа за новогодишни помилувања

А1он

„Идризово“ бара казната на Сеад Кочан да се намали за шест месеци, Маричиќ размислува пред да го прати предлогот до Пендаровски

Кристијан Ландов

Кочан може да излезе од затвор две години порано, ако Пендаровски реши да му скрати половина од казната