Кочан мора веднаш во затвор, не успеа да ја одложи казната

Од:

Кривичниот суд во Скопје по втор пат го одби барање на Сеад Кочан за одложување на затворската казна од 4 и пол години која му беше изречена за случајот „Труст“. Судот жалбата ја одби како неоснована со што беше потврдено решението на судијата за извршување санкции. Како што стои во соопштението, Кочан веднаш треба да се појави во затвор на издржување на казната.

dobivaj vesti na viber

-Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје, постапувајќи по жалба изјавена против решение на судија за извршување санкции со кое се одбива барањето за одлагање на извршување на затворската казна на еден од правосилно осудените лица во предметот со К.бр. 1459/17 од обвинителството означен како „Труст“, по добивање на целокупната документација поврзана со жалбата, на 26.07.2019 година одржа нејавна седница. По разгледување и ценење на жалбата, советот донесе решение со кое жалбата ја одби како неоснована и го потврди решението на судијата за извршување санкции според кое осуденото лице е должно веднаш да се јави на издржување на затворската казна, а одлуката на советот е писмено изработена и експедирана до странките, стои во соопштението од судот.

Претходно Апелацискиот суд Скопје му ја намали казната на бизнисменот Сеад Кочан од 6 години затвор на 4 години и 8 месеци во предметот на СЈО „Труст“, додека второобвинетиот Василие Авировиќ за истиот предмет доби две години условна казна, наместо 3 години затвор, како што беше првостепената пресуда.

Првично бизнисменот требаше да се појави во затвор на 17 јули, но тоа не се случи од причина што тогаш го поднесе првото барање за одложување на затворската казна.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Ајро и Бубевски: Сите наводи во кривичната пријава од Државното правобранителство за предметот „Труст“ ги отфрламе како невистинити

А1он

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Министерството за правда одлучи оваа година да не предложи листа за новогодишни помилувања

А1он

„Идризово“ бара казната на Сеад Кочан да се намали за шест месеци, Маричиќ размислува пред да го прати предлогот до Пендаровски

Кристијан Ландов

Кочан може да излезе од затвор две години порано, ако Пендаровски реши да му скрати половина од казната