А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Сеад Кочан: Не сум виновен

by А1он14/11/2017 - 12:31287
Share0

„Не сум виновен“, рече првообвинетиот во случајот „Труст“, бизнисменот и сопственик на „ТВ Нова“, Сеад Кочан, на расправата во скопскиот Кривичен суд.

Добивај вести на вибер

Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ од Студеничани се обвинети за незаконско добивање тендер на Електрани на Македонија.

Според обвинителот на СЈО, Гаврил Бубевски, пред 6 години обвинетите свесно се затекнале во вистинско време и вистинско место, но со невистинита документација. Тој рече дека обвинетите нелегално се богателе со фалсификувани документи и го добиле тендерот на ЕЛЕМ.

„Обвинетите ископале 1 милијарда и 600 милиони денари“, рече обвинителот на СЈО во своите своите воведни зборови, додавајќи дека се погазени правилата на конкуренцијата.

„Потписите се неми сведоци за криминалната свест и совест на обвинетите”, додаде Бубевски.

Претходно судијката Лидија Трајковска Зимбовска го отфрли барањето на адвокатите на обвинетите да се закаже посебно подготвително рочиште зашто ја добиле листата на докази, но не биле запознаени со доказите.

Обвинителот на СЈО, Артан Ајро им делеше цедеа со докази на обвинетите и адвокатите со сите докази, скенирани записници од сведоци и слично.

Второобвинетиот Василије Авировиќ и третообвинетиот Сафет Ватиќ се изјаснија за невини. За адвокатката Сања Алексиќ, бранителка на 2 обвинети и на правните лица, вештачењето на СЈО е нерелевантно.

Таа вели дека Конзорциумот располагал со многу повеќе вработени од она што е наведено како услов во тендерот. Адвокатот на Ватиќ, Митко Јанчев, рече дека неговиот клиент не е играч од висок ков за да игра големи игри.

Претходното рочиште беше одложено, бидејќи одбраната тврдеше дека обвинетите примиле само обвиненија, без листа на докази што ги предлага СЈО. Кочан заедно со Василие Авировиќ и Сафет Ватиќ се обвинети дека ја злоупотребиле постапката за јавен повик, за доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство.

Станува збор за тендерот што во 2011 година го распиша државната фирма „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) за ископување јаловина и јаглен од рудникот Суводол во Битола.

Доставувајќи фалсификувани документи за сопственост на механизација и за кадровска екипираност, три фирми, задружени во конзорциум, го добиле тендерот на ЕЛЕМ, вреден 1,06 милијарди денари или 17.235.772 евра.

Во „Труст“ се обвинети и три правни лица: „Транс Mет“ од Скопје, „Силекс“ од Кратово и „Вато“ од Студеничани. Oбвинетите доставиле лажна документација во која прикажале наводна сопственост на тешка механизација за ископување, која ја немале и не ја набавиле, а таа што ја имале била со помал капацитет.

В.М.

sead kocansjotrust

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески13/09/2023 - 10:4013/09/2023 - 11:04

Антикорупциска: Како знае ОЈО дека Иницијативата е беспредметна кога уште не е доставена

Катерина Ѓуровски20/07/2023 - 14:2420/07/2023 - 14:38

Обвинителството и се налути на Антикорупциска заради „Труст“: Иницијативата е беспредметна и непотребна

Катерина Ѓуровски20/07/2023 - 10:4020/07/2023 - 10:54

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски16/02/2023 - 08:2216/02/2023 - 10:28

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов12/05/2022 - 19:1413/05/2022 - 10:51

Ајро и Бубевски: Сите наводи во кривичната пријава од Државното правобранителство за предметот „Труст“ ги отфрламе како невистинити

А1он11/04/2022 - 16:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен