Сеад Кочан бара спас и од Врховен за да не оди во затвор

Од:

Бизнисменот Сеад Кочан, кој треба да се јави на издржување на затворската казна за случајот „Труст“ на СЈО, по стапките на експремиерот Владо Бучковски и  на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, преку скопска единица до Врховниот суд поднел барање за вонредно преиспитување на пресудата.

Кочан преку неговите адвокати бара и времено одлагање на извршувањето на затворската казна. Бучковски  на таков начин никогаш не отиде во затвор за предметот „Тенковски делови“ со правосилна судска пресуда, а највисокиот суд одлучи да ѝ ја одложи затворската казна на Гордана Јнакулоска за предметот „Тенк“, дури не ѝ го разгледа барањето за вонредно преиспитување на пресудата.

„На 19.06.2019 год. до судот има доставено барање за вонредно преиспитување на пресудата со посебно процесно барање Врховниот суд на РСМ да го одложи извршувањето на казната затвор утврдена во второстепената одлука сè до одлучувањето по барањето за вонредно преиспитување на одлуките на пониските судови“, соопштија од скопска единица за „А1 он“.

Од судот прецизираа дека најпрво мора да се постапи во редовната постапка пред да се проследи барањето до надлежниот суд кој одлучува по вонреден правен лек.

„Предметот е во фаза на извршување на санкциите изречени со правосилната пресуда на Апеалциониот суд Скопје, а која сè уште не е извршна во делот на паричната казна спрема обвинетото правно лице ‘Трансмет’, што е дел од редовното постапување кое, како што наведовме погоре ,има предност пред вонредното постапување“, соопшти Основниот кривичен суд.

Од таму одговорија дека веднаш по извршноста и комплетирањето на предметот, кривичниот предмет заедно со списите ќе биде проследен до Врховниот суд за надлежно одлучување по изјавениот правен лек. Од Агенцијата за управуввање со одземен имот, која е надлежна да постапи по пресудата во делот на конфискацијата, не одговорија на прашањата на „А1 он“.

Кочан во меѓувреме поднел и жалба до кривичниот совет на одлуката на судијата за извршување санкции за одлагање на затворската казна, но одлуката сè уште не е донесена.

Сопственикот на ‘Трансмет’ доби казна затвор од 4,8 години, а Василије Авировиќ, наместо ефективен затвор, доби условна казна. Апелациониот суд во Скопје ја потврди првостепената пресуда за предметот на специјалното јавно обвинителство со кодно име „Труст“. Казната на Кочан ја намали од 6 на 4,5 години, а на Авировиќ од три години – во условна казна.

Сеад Кочан беше осуден бидејќи со лажни документи учестувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра.

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, за да го прифати барањето за заштита на законитоста поднесено од обвинителот Ацо Колевски од обвинителството со кое раководеше Марко Зврлевски, иако предметот „Труст“ беше на СЈО, трипати го менуваше составот на кривичниот совет додека не се осигура дека одлуката за укинување на притворот на Кочан, во фаза на истрага, ќе биде донесена со најмалку три гласа.

За Вангеловски членовите на Советот утврдиле позитивен извештај за разрешување, токму за одлучувањето за притворот на Кочан, но сè уште не е изгласан.

Би можело да ве интересира

Антикорупциска: Како знае ОЈО дека Иницијативата е беспредметна кога уште не е доставена

Катерина Ѓуровски

Обвинителството и се налути на Антикорупциска заради „Труст“: Иницијативата е беспредметна и непотребна

Катерина Ѓуровски

Ајро и Бубевски: Сите наводи во кривичната пријава од Државното правобранителство за предметот „Труст“ ги отфрламе како невистинити

А1он

Министерството за правда одлучи оваа година да не предложи листа за новогодишни помилувања

А1он

„Идризово“ бара казната на Сеад Кочан да се намали за шест месеци, Маричиќ размислува пред да го прати предлогот до Пендаровски

Кристијан Ландов

Кочан може да излезе од затвор две години порано, ако Пендаровски реши да му скрати половина од казната