Се затвори институтот „Павел Шатев“

Од:

Со одлука која денеска е потврдена во Централен регистaр, институтот „Павел Шатев“ е избришан од евиденцијата на здруженија на граѓани, објави Призма.

Престанокот на постоење на здружението, познато по анкетите за јавно мислење кои речиси без исклучок му даваа предност на ВМРО ДПМНЕ, е резултат на одлука донесена на 2 март годинава.

Последната анкета на овој институт е објавена пред изборите на 10 декември. Во таа анкета едно од прашањата беше „Дали поддржувате партија која се залага за концептот на двојазичност на целата територија на Македонија и нов рамковен договор“ на кое 4,9 отсто одговориле со „ДА“, а 93,5 отсто од анкетираните одговориле “НЕ“.

За овој институт медиумите често пишуваа дека е близок до ВМРО ДПМНЕ, дека е регистриран на адреса на приватен стан во Чаир и дека дел од основачите имале високи функции во државни институции за времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Решение од Централен регистар за бришење на институтот „Павел Шатев“.

Би можело да ве интересира

Институтот „Павел Шатев“ повторно промаши, време за заминување во историјата

Наум Локоски

Институтот Павел Шатев се надмина со новата „анкета“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Дали постои и каде работи институтот „Павел Шатев“?

А1он