Институтот „Павел Шатев“ повторно промаши, време за заминување во историјата

Од:

Институтот „Павел Шатев“ повторно доживеа дебакл во наводното сондирање на јавното мислење каде редовно победник со голема разлика е Никола Груевски и ја ужива поддршката од народот.

Последната од анкетите со кои бомбардираше „Павел Шатев“ беше објавена на 4 октомври, а правена на примерок од 1225 испитаници. И како и секогаш ВМРО-ДПМНЕ требаше да победи со 28,7 отсто поддршка од народот, а СДСМ да изгуби со само 17 отсто поддршка.

Институтот за локалните избори предвидуваше 28 отсто поддршка за Никола Груевски, кој сепак на изборите доби едно големо „не“ дури и од сопствените гласачи. Дали е време да се стави крај на манипулативните анкети со цел психички да се влијае врз гласачите? Институтот „Павел Шатев“ по минатогодишните, а посебно по последните избори и дебаклот во предвидувањето треба да се откаже од натамошното анкетирање, посебно што одамна е познато дека се работи за партиска испостава на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните

А1он

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината