Се затвора весникот „Ден“?

Од:

Дали ќе се  стави клуч на весникот„Ден“?

Сериозните проблеми со кои се соочува весникот подолг период, кулминираа. Поради неисплатени хонорари на дел од новинарите и техничките лица, утрешното викенд издание нема да излезе, а доколку не бидат исплатени за сработеното, нема да го подготват ни изданието за понеделник.

Во август месец,  почна кризата,  откако тогашниот сопственик и основач на „Ден“,  Живко Серафимовски го продаде весникот на засега непознато лице, кое го смени уредувачкиот тим.

Дел од новинарите, револтирани бидејќи не им беше јасно кажана судбината и иднината на весникот, како и тоа дека не им е гарантирана висината на платата , го напуштија весникот. Револтирани беа и зошто работниот однос требаше да им се замени со хонорарен.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март