Се укинува градскиот и меѓуградскиот превоз во Куманово по смртта на пациентката од коронавирус

Од:

По смртта на 57-годишната жена од Куманово од коронавирусот, интензивно се работи на детектирање на првичните и секундарните контакти што ги имала пациентката. Засега, од направените брисеви, пет лица се позитивни на Ковид-19, од кои тројца се здравствени работници – двајца доктори и една медицинска сестра, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

„Досега во семејството на починатата пациентка нема клиничка симптоматологија“, рече тој.

„Детално се анализираат и луѓето со кои пациентката била во контакт, земени се 63 бриса, меѓу кои и на медицинскиот персонал во болницата, а потоа ќе се направи план за работа на целата болница“, рече Филипче.

Едно од заразените медицински лица, според Филипче, не живее во Куманово туку во околината на градот, па од тие причини, на владина седница одлучено е дека во градот ќе се укине целосно меѓуградскиот превоз и градскиот превоз до градот, а се дава и препорака се дава препорака да се затворат сите продавници во трговските центри кои не се молови, меѓутоа се форма на полуотворени трговски центри.

„Со вакво укинување на врските се надеваме дека ќе спречиме ширење на вирусот“, рече Филипче.

Одлуката за укинување на градскиот и меѓуградскиот превоз стапува во сила од утре.

Министерот за здравство повтори дека во изминативе 24 часа има 12 нови случаи на инфицирани од коронавирусот, од кои седум се од Куманово и пет од Скопје. Вкупниот број на заболени е 148 лица, од кои една пациентка е излечена, а двајца починати.

На Инфективната клиника во моментов има 29 пациенти. Од нив една е во тешка состојба, првата заболена пациентка од Дебар, а шест пациенти се со потешка клиничка слика, но не им е потребна респираторна поддршка, информираше Филипче.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

Филипче оддаде почит на хероите од НОБ во Прилеп: СДСМ е наследник на државотворните политики на партизаните

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он