Се запленува имот на Сашо Мијалков за случајот „Империја“

Од:

Обвинителката Лиле Стефанова запленува имот на бизнисменот и ексдиректор на УБК, Сашо Мијалков поради случајот „Империја“. Таа доставила шест барања за определување на привремена мерка забрана за оттуѓување и располагање со недвижен имот.

„Барањата се како резултат на постоење на основано сомневање дека имотот потекнува од кривично дело и дека до крајот на кривичната постапка ќе биде особено отежнато или оневозможено неговото одземање. Дотолку повеќе што од прибраниот доказен материјал произлегува дека предложениот имот е имот што е пренесен на трети лица за да се прикрие неговиот вистински сопственик“, велат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Така, на предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е определена мерка забрана за оттуѓување и располагање со:

– удел на правното лице Друштво за производство, трговија и услуги ДИВЕЛОП ГРУП ДОО Скопје што го поседува во правното лице Хотел Гранд М ДООЕЛ Скопје

– удел на физичко лице од 67,5% што го поседува во правното лице Друштво за производство, трговија и услуги ДИВЕЛОП ГРУП ДОО Скопје

– удел – основачки влог од 32,5% што го поседува правното лице – Друштвото за градежништво, трговија и услуги БЕСТ ВЕЈ ИНВЕСТМЕНТ ДООЕЛ Скопје во правното лице Друштво за производство, трговија и услуги ДИВЕЛОП ГРУП ДОО Скопје;

– недвижен имот евидентиран на правното лице – Друштво за трговија и услуги БИЗНИС ПРОПЕРТИ ИНВЕСТМЕНТ ДООЕЛ Скопје во вредност од 58.282.500,00 денари согласно книговодствената вредност и тоа апартмани со вкупна површина од 720 м2 и гаражи со вкупна површина од 92 м2.

– хартии од вредност (7213 акции) што правното лице Друштво за производство, трговија и услуги ЕКСИКО ДООЕЛ Скопје, ги поседува во Стопанска Банка А.Д. Битола по номинална вредност од 3.000,00 денари по акција или во вкупна вредност од 21.639.000,00 денари и

– недвижниот имот – деловен простор во градба лоциран на Плоштад Македонија и евидентиран во лист за предбележување издаден на носителот на правото на сопственост Друштво за производство, трговија и услуги СИС ИНВЕСТ ГРУП ДООЕЛ Скопје во површина од 566,41 м2 во вредност од 1.699.241 евра.

Сите барања се прифатени од судија на претходна постапка.

„Со Решение определи привремени мерки со кои се забранува располагање, заложување и оттуѓување на имотот по каков било правен основ. Привремените мерки согласно закон може да траат најдолго до завршување на кривичната постапка пред првостепениот суд или да бидат укинати по службена должност. Привремените мерки стапија во сила веднаш и заплената на имотот е прибележана во Централниот регистар на РС Македонија и Агенцијата за катастар на недвижности – Центар за катастар на недвижности Скопје. Запленувањето не е конечно“, додаваат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Би можело да ве интересира

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Повторно ќе се продава имот на Сашо Мијалков, државата очекува два милиона евра од плацевите на Водно

Катерина Ѓуровски

Небиу: Вработените се мета на вознемирување и заплашување, поради обидите да го продадат конфискуваниот имот на Мијалков

Фирма на Мијалкови должи два милиони евра за ДДВ: УЈП ги објави најголемите должници

Орце Костов