Се забранува за пиење водата во Неготино поради присуство на мирис и вкус од непознато потекло

Од:

Се забранува за пиење водата во Неготино поради присуство на мирис и вкус од непознато потекло во дел од улиците. За ова информираа претпладнево од неготинското комунално претпријатие, преку важно соопштение на нивната Фејсбук страница.

– Поради проблем со присуство на мирис и вкус од непознато потекло во водата за пиење во делот од уличната мрежа на улиците „Индустриска“, „Маршал Тито“, „29 Ноември“, „11 Октомври“, „Никола Петров“, „Манчо Малиминов“, „Душан Јуруков“, „Димче Мирчев“, „Гоце Делчев“, „Питу Гули“, „Васка Калајџиска“ и ,,Антигона“, се забранува да се употребува водата за пиење, напишаа од Јавното претпријатие „Комуналец“.

Притоа додадоа дека во соработка со Центар за јавно здравје Велес и другите надлежни институции, се земаат вонредни мостри за анализа. Се работело на терен за лоцирање и санирање на евентуалниот дефект.

– Замолуваме доколку некој има било какво сознание кое би ни било од корист, да се обрати во Ј.П.„Комуналец“. Апелираме до граѓаните од овој дел на градот кои варат ракија, водата за пиење да не ја користат за ладење на вулите и да не оставаат црева во резервоарите за ладење, од кои може да дојде стварање на вакуум и повлекување на водата во градската мрежа и загадување. За вакви случаи ќе следуваат санкции, појаснија од комуналното претпријатие.

За било каква промена ќе следело соопштение. Од „Комуналец“ известија дека се трудат за брзо надминување на проблемот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар – водата е чиста и безбедна за пиење

Петрушевски: Филипче кој е на Егејот има симптоми на сончаница, целосно е дезориентиран, граѓаните да немаат грижа – водата во Гостивар е безбедна за пиење

A1on

Хибриден напад се пораките дека водата во Скопје е загадена, рече Мицкоски

A1on

Ангелов: Проблемот со водата во Гостивар е поради пропусти на локалната власт што траеле со години

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар

АХВ: Водата од градскиот водовод во Скопје е безбедна за пиење и употреба

Катерина Ѓуровски