(ВИДЕО) Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар – водата е чиста и безбедна за пиење

Од:

Според последните анализи, водата во Гостивар е чиста и безбедна за пиење, а синоќа на полноќ истече и триесетдневната кризна состојба на територијата на општината, изјави попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

– Со истекувањето на кризната состојба, институциите од централната власт, вклучително и ЈП Водовод од Скопје се повлекуваат од контрола на квалитетот на водата. На ред е локалната власт, локалната самоуправа да се погрижи гостиварчани понатаму да пијат чиста и безбедна вода, рече Ангелов.

Кризната состојба во Општина Гостивар беше прогласена страна на Владата на 20 јули, поради загадување на водата за пиење и неможноста на локалната самоуправа да се справи со настанатата состојба и епидемијата што погоди неколку илјади граѓани

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожарникарите се борат да спречат пожарот да навлезе во боровите шуми на Јасен

A1on

Уапсен е гостиварец кој ја силуваше вонбрачната партнерка

Горан Наумовски

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

ЦУК: За првпат ангажиран воздухоплов за гасење пожар надвор од територијата на државата

A1on

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

(ВИДЕО) Ангелов: Пожарот на Пелистер не стивнува – на терен се пожарникари, механизација и воздухоплови

Горан Наумовски