Се враќаат државни пари во медиумите: Приватните телевизии ќе инкасираат најмалку два милиони евра од јавни кампањи

Од:

Државното рекламиње на приватните телевизии се враќа откако пратениците ги усвоија измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Во измените всушност се брише членот 102 во кој беше стоеше дека „државните органи, органите на државната управа, јавните претпријатија, единиците на локалната самоуправа, јавните установи и институции како и правните лица со јавни овластувања и трговските друштва во целосна државна сопственост не смеат да предвидуваат средства за информирање и запознавање на јавноста со свои услуги или активности преку приватни радиодифузери“.

Со оваа измена за Владата и за општините повеќе нема правни пречки да се рекламираат во приватните радиодифузери, а за рекламни кампањи од јавен интерес се определи износот „0,1 отсто од државниот буџет од даночните приходи утврдени во последната донесена завршна сметка на Буџетот“.

Се очекува петте национални приватни телевизии да добијат најмалку два милиони евра од државните кампањи на Владата која според закон треба да спроведе најмалку една државна кампања годишно.

Општините во текот на една календарска година ќе може да спроведат најмногу четири јавни кампањи на локално ниво за што ќе одлучува комисија составена од членови на општинските совети. Парите за кампањите на општините ќе треба да бидат обезбедни од општинскиот буџет.
Министерството за информатичко општество и администрација ќе определува како ќе се делат парите меѓу телевизиите и радијата. Од предвидените средства, 40 отсто ќе можат да ги користат националните телевизии, 40 отсто кабелските и сателитски телевизии, 15 отсто регионалните и локални телевизии, и пет отсто радијата.

Критериумите, според кои ќе се делат средствата се според висината на платените даноци, придонесите и други јавни давачки за претходната календарска година, како и бројот на вработени.

Против измените на овој Закон беа сите новинарски организации, ЗНМ, ССНМ, СЕММ, МИМ, ИКС, РЕСИС кои сметаат дека ова ќе значи партиско влијание и зависност на медиумите.

Оттаму сметаат дека е крајно време да се формира Фонд за плурализам во медиумите, кој би поддржал квалитетно новинарство и разновидна програмска продукција во спротивност на државното рекламирање кое служи како алатка за политички влијание и контрола, како и да се земат предвид другите предложени можности како што е даночното ослободување за новинари и медиумски работници.
Државното рекламирање на приватните телевизии беше со закон забрането во 2018 година.

Би можело да ве интересира

Финансирањето на телевизиите со државни пари ги сплоти СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: „Законот за поткуп на медиуми“ќе се носи по скратена постапка

Орце Костов

АВМУ: Македонските телевизии лани работеле со загуба

Жарко Настоски

Сметките за телевизија ќе бидат помали поради прекините, операторите најавуваат обесштетување на корисниците

АВМУ разгледува мерки за олеснување на работата на радиодифузерите

Одложен најавениот прекин за реемитување на домашни и странски ТВ канали

Предраг Петровиќ

Секнаа владините пари: И велешката ТВ К1 отпушта вработени

А1он