Секнаа владините пари: И велешката ТВ К1 отпушта вработени

Од:

Седуммина вработени од крајот на месецов остануваат на улица и од велешката телевизија К1, а откази се спремаат за уште неколку вработени, велат за А1он вработени од телевизијата.

Изворот за А1он истакнува дека отказите кои деновиве се делат како во нивната, така и во повеќе провладини медиуми се должи на слабата финансиска состојба во медиумите откако секнаа владините реклами.

– Нема повеќе пари од владата, а друг извор на финансии речиси и да нема, вели изворот за А1он.

ТВ К1 е всушност кавадаречката РТК која пред повеќе од една година се ребрендираше откако нејзин сопственик стана главниот и одговорен уредник на порталот Курир, Саше Стојановски.

Како што пред една година објави БИРН, телевизија К1 како тазе ребрендиран медиум склучила договор со Општина Велес да ги пренесува седниците, а сопственикот на велешката ТВ Здравкин, која до тогаш ги пренесувала седниците обвини дека телевизијата нема опрема за снимање и пренос, но и дека договорот е склучен без јавна набавка, во четири очи.

Освен К1, откази се делат и во новата телевизија Нова, а неофицијално, отпуштања ќе има и во повеќето ребрендирани телевизии, за кои се смета дека се блиски до власта, а причината која сите ја наведуваат е секнувањето на владините реклами.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Се враќаат државни пари во медиумите: Приватните телевизии ќе инкасираат најмалку два милиони евра од јавни кампањи

Орце Костов

За Маричиќ не е проблем да се потрошат 350.000 евра народни пари за кампања: „Наша должност е да ги информираме граѓаните“

Орце Костов

Владата ќе потроши 355.000 евра народни пари за ПР стории во медиумите, видеа и билборди

Орце Костов

НЕ за владини кампањи во медиумите и злоупотреба на ЕУ знамето во Собранието повикуваат новинарските здруженија

ЗНМ: Не смее да се повтори грешката со платените кампањи во приватни медиуми

Новинарите реагираат на најавите за владини реклами во медиумите: Лага е дека ние сме го барале тоа

Жарко Настоски