СВР Куманово се уште ги истражува мотивите за двете убиства и самоубиство во населбата „Бедиње“, кои што го потресоа Куманово. Имено портпаролката на СВР Куманово, Валентина Николовска изјави дека надлежните работат на случајот, но дека е тешко да дојдат до вистината.
-Може да се потврди дека пиштолот со кои што се извршени убиствата и самоубиството, е сопственост на убиецот и тој го поседувал со дозвола. Мотивите се уште се утврдуваат, но тешко е да се дојде до вистината, бидејќи сите лица се починати и нема очевидци на настанот-наведе таа.
Имено 42-годишен кумановец завчера уби две сосетки, по што се самоуби. Увид на местото на настанот извршија истражен судија, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Куманово, увидна полициска екипа и тим на судска медицина. Полицијата работи на расчистување на настанот и мотивите за двојното убиство и самоубиство.
Елена Георгиевска