„Се уште го чекате Годо? Не, ние сме навикнати на оваа шарада“, Рама објави селфи со Ковачевски од Брисел

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама на Твитер објави селфи со македонскиот премиер Димитар Ковачевски и порача од Брисел дека повеќе не го чекаат Годо бидејќи се навикнати на ова и двете земји.

„Сè уште го чекате Годо? Не, ние сме навикнати на оваа шарада и повеќе од кога било посветени сме да ја поттикнеме модернизацијата на нашите земји и нашиот регион со непоколеблив европски дух“, објави Рама.

Рано утрово тој повторно ја обвини Бугарија дека киднапира две членки на НАТО среде војна во Европа.

„Нов ден е во Европа, но не и во Бугарија! Колку е срам за Европа оваа бугарска работа! Среде многу жешка војна во дворот на Европа, земја на НАТО киднапира две други земји на НАТО под надзор на 26 земји од ЕУ кои седат мирни во страшна претстава на немоќ!“.

Би можело да ве интересира

Таравари ја напушти Владата и замина кај Рама во Тирана

Катерина Ѓуровски

Кошта од Тирана: Албанија може да биде во европското семејство и пред 2030 година

А1он

Еди Рама повторно победник на изборите во Албанија

Излезни анкети на парламентарните избори во Албанија, триумф на партијата на Еди Рама

А1он

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами

Катерина Ѓуровски