Се разгледува можност за излегување за време на полицискиот час на деца со аутизам

Од:

Комисијата за заразни болести во текот на утрешниот дел ќе го разгледа барањето на родителите на децата со аутизам, со цел тие да можат да излегуваат за време на полицискиот час за време на велигденските празници.

Не се разгледуваат олеснителни мерки за останатите деца, бидејќи со тоа мерките би немале ефект, рече министерот за здравство, Венко Филипче.

На децата со аутизам, рече тој, излегувањето им е дел од рутината и доколку истата се смени, може да доведе до дополнителни компликации.

„Сега треба да видиме на кој начин тоа да се направи. Има една одлука за лица со посебни потреби, меѓутоа има една група на деца со аутизам на кои треба да им се дозволи излегување заради тоа што тие веќе до сега имаат воспоставено една рутина и ако таа се смени може дополнително да ја комплицира состојбата во смисла на тоа, ако сега заземале некоја рутина, нејзиното менување може доведе до дополнителни компликации“, рече министерот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

Француската полиција одлучи: Полицискиот час се продолжува до понеделник

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски