Се распродава имотот на Мијалков – јавно наддавање за станови во Охрид, плац на Кожуф, земјиште

Од:

Се продаваат два стана во Охрид, земјиште кај Морани, плац на Кожуф, сите запленети од Сашо Мијалков, во случајот „Империја“.

Сега на продажба се огласени два стана во Охрид. Едниот од 46 метри квадратни, проценет на 5.775.234,38 милиони денари, а другиот од 58 метри квадратни во истата зграда, проценет на 9.032.505 денари.

На продажба и земјиште од 56.818,07 метри квадратни кај Морани во Општина Студеничани крај Скопје со почетна вредност од 17.045.421 денари.

Се продава и плац кај местото Џибарица на Кожув од 321,81 метри квадратни, проценет на 29.686, 97 денари.

Јавното електронско наддавање е закажано за 25 август.

Мијалков призна вина за предметот „Империја“ и се спогоди со Обвинителството, по што државата му конфискуваше имот во вредност од 15 милиони евра. На списокот од 33 имотни листови има и шума во Горно Курилово на Водно од 650 метри квадратни и веднаш до неа градежна парцела од речиси 4 илјади метри квадратни, земјиште на Кожуф и илјадници метри квадратни земјоделско земјиште во близина на Богданци, два стана од 46 и 58 квадрати на адреса кај плажата Горица во Охрид. Потоа имот под зграда во Охрид со површина од 2 740 м2 од хотел во Охрид, сето тоа во вредност од 360 илјади евра. Остана и без два апартмани во Панорама Резиденс во Скопје од 91 и 94 метри квадратни, градежно земјиште и апартмани во Центар.

Би можело да ве интересира

Левица: Хотелот на Мијалков нема решение за Елаборат – Пецаков го штити дивеењето

Го продаде двегодишниот син за 21.500 евра за со парите да „отпочне сопствен бизнис“

А1он

Левица: Инспектор постапил незаконски при надзор над хотелот на Мијалков

Горан Наумовски

Власта молчи пред дивеењето на Мијалков на Охридското езеро, обвинува Левица

ВРЕДИ: ДУИ го губи компасот, во забуна не знае што прави, кого напаѓа, а кого го брани

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ