Се празнува Свети Наум Охридски

Од:

Денеска православните верници го празнуваат Св. Наум Охридски, празникот посветен на најблискиот соработник на боженствениот Климент и светите браќа Кирил и Методиј.

Се упокои на денешен ден 911 година во неговиот манастир. Ни остави две житија напишани на црковнословенски јазик. Бил голем учител, просветител кој имал големи знаења од народната медицина. Роден е во првата половина на деветтиот век.

На денешен ден во 911 година во манастирот Св Наум на брегот на Охридското Езеро умре Свети Наум Охридски Чудотворец, монах и презвитер и еден од основополжниците на словенската и македонската писменост. Заедно со неговиот брат Св Климент ја продолжија благородната мисија и дејност на словенските просветители Свети Кирил и Методиј. Како најблизок соработник на неговиот брат Климент се посветил на ширењето на христијанството и писменоста.

Кога во 893 година неговиот брат Климент е назначен за словенски епископ, на неговото учителско место во Кутмичевица е назначен Наум Охридски. Со светите браќа учители Кирил и Методиј, пак бил во нивната моравска мисија. Извесно време престојувал во престолнината на Бугарија, Плиска, додека во времето кога Свети Климент станал епископ во Охрид, и Свети Наум дошол во Охрид да биде учител. Денешниот манастир “Свети Наум” на брегот на Охридското Езеро е основан токму од Свети Наум. Во овој манастир ги поминува последните 10 години од неговиот живот.

Познат е по литературната дејност со која се занимавал. Оставил поголем број на дела, претежно житија , од кои повеќето не се идентификувани. Според двете негови идентификувани кратки житија, напишани на црковнословенски јазик, се истакнува неговото познавање на литературата и просветителската дејност, а посебно се разбирал во народната медицина. Познат е како исцелител на душевно болни. Затоа кај нас особено лекарите-психијатри го имаат за свој заштитник.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска