Се поправа мерниот инструмент за ПМ 10 честички во Ѓорче Петров

Од:

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека мобилната мерна станица поставена во општина Ѓорче Петров е во функција, односно се мерат загадувачките супстанци “SO2”, “NO-NOx-NO2”, “CO”и “О3”.

Единствено, поради технички проблем, на 23 декември 2019 година е исклучен инструментот за симултано мерење на “РМ10” и “РМ2.5” и од тогаш не е во функција, информираат од МЖСПП.

Моментално, во тек е процедура за објавување на тендер за набавка на резервни делови, меѓу кои и неопходниот дел за посочениот инструмент.

Со набавка на резервните делови, инструментот ќе се сервисира и калибрира, а потоа ќе биде вклучен во системот, а податоците од мерењата од овој инструмент ќе бидат јавно достапни на веб страницата за квалитет на воздухот http://air.moepp.gov.mk , информираат од МЖСПП.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Скопје е втор најзагаден град во Европа, воздухот е многу лош и во Тетово, Охрид, Битола, Велес

Катерина Ѓуровски

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС