Се подготвува уривање на обвинителството на Катица Јанева

Од:

Еден ден по распуштање на Собранието, Уставниот суд да почне постапка за Специјалното јавно обвинителство и да го укине. Концептот е ист, набрзина, без јавна расправа и без присуство на јавноста. А1он дознава дека ова е договорено низ партиско-судските спреги, а треба да го исполнат судиите кои се поставени од оваа власт во Уставниот суд и врз кои имаат влијание.

Со тоа, власта ќе се правда дека нема никакво влијание врз судот и дека тој е независен, а ќе нема повеќе ниту законодавен дом да реагира кон ваквата одлука на Уставниот суд.

Намерата е Специјалното јавно обвинителство да не функционира до датумот на изборите, односно да нема никакви последици за функционерите кои треба да ја водат кампањата за партијата на власт. Се сметало дека било каква постапка сериозно ќе му наштети на имиџот на партијата и ќе бидат обесхрабрени гласачите доколку почнат да се редат осомничени и осудени.

Ваквото сценарио веќе го знаат и одредени дипломати во земјава кои коментираат дека таква одлука на Уставниот суд ќе биде јасно по чиј налог е, и со таков епилог не доѓа предвид да се одржат никакви избори. Тие инсистираат дека Специјалното јавно обвинителство е приоритет на Пржинскиот договор, и било какви саботажи од партиското судство само ќе ја зголемат конфликтноста во општеството и политичката криза.

Т.Ц.

Би можело да ве интересира

Јавното обвинителство ќе им понуди вонсудска спогодба на вработените во СЈО

Ана Ололовска

Ахмети на распит во Oбвинителството за организиран криминал и корупција

Ана Ололовска

ДЗР: Во СЈО незаконски си поделиле бонуси од 4.6 милиони евра

Ана Ололовска

Поранешни вработени во СЈО бараат извинување од Пендаровски за говорот по повод Илинден

А1он

СЈО замина во историјата, предметите во рацете на Јавното обвинителство за организиран криминал

Ана Ололовска

Фетаи: Новиот закон за ЈО им дава можност на обвинителите да се справат со криминалот

Ана Ололовска

Leave a Comment

seven + 14 =