Се осовременува градскиот пазар во Битола

Од:

Јавното претпријатие „Пазари“ – Битола продолжи со реализација на програмата за осовременување и стандардизирање на пазарниот простор лоциран во централното градско подрачје.

Од ЈП „Пазари“-Битола информираат дека викендов е завршено поставувањето на нови настрешници, а наскоро ќе бидат промовирани и други инвестиции на тој локален сервис.

– Ја променивме сликата или првата глетка на градскиот пазар на која долго време доминираа расфрлани и неуредно поставени најлони и друг материјал врз тезгите на пазарџиите. На челичната конструкција сега ќе бидат поставени платнени тенди, со кои се обезбедува и заштита на посетителите во пазарот, истакна Александар Касапов, директор на ЈП „Пазари“- Битола.

ЈП „Пазари“ – Битола неодамна заврши со инфраструктурните интервенции на водоводната и канализациската мрежа во градскиот пазар, реновирани се пристапните скали, а поставена е и пристапна рампа за лица кои користат инвалидски колички.

Би можело да ве интересира

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Обвинителството започна истрага за грозоморното убиство во Битола

Убиство во битолската населба Баир, жртвата е млада жена

Катерина Ѓуровски

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот