Се одржа „Ден на Мајкрософт“ во Скопје: „Технологијата во облак (cloud) го помага општеството“

Од:

Фондацијата за интернет и општество, „Метаморфозис“ денеска во Конгресниот центар на Скопски саем денеска го организираше настанот „Ден на Мајкрософт“, посветен на граѓанскиот сектор, на тема „Технологијата во облак (cloud) го помага општеството“.

На отварањето на настанот, извршниот диркетор на Метаморфозис, Барил Јашари посочи дека технологијата и имплементацијата на новите софтверски решеније треба да им послужат на невладините организации своите мисии и активности да ги организираат на ефикасен начин.

„Технологијата се менува бргу, невладините организации треба да бидат во тек со најновите технолошки софтвери и платформи и да разменат знаење за предизвиците во секојдневното работење“, рече Јашари.

Тој додаде оти локални организации, благодарение на технологијата соработуваат на национално и на меѓународно ниво и географските и границите меѓу секторите, а организациите бараат начини за вмрежување, соработка и за користење на нови технологии за поквалитетно да ја опслужат заедницата во која дејствуваат.

Менаџерката за образовни програми на „Мајкрософт“ во Албанија, Косово и во Македонија, Влора Адеми, потенцираше дека ова е четврта ваква конференција што се организира во Македонија и има голем интерес од страна на невладините организации.

„Невладиниот сектор е главен поддржувач на голем број состојби во општеството и има своја мисија. Работата е предизвикувачка, а технологијата им овозможува полесно да ја реализираат нивната мисија“ додаде Адеми.

На конференцијата презентација имаше и Александар Василевски од Здружението на граѓани за поддршка на лица со посебни потреби – СОЛЕМ.

Тој преку покажа дека алатките и технологиите на „Мајкрософот“ не се наменети само за невладините организации, туку можат да ги користат и лицата со интелектуалната попреченост.

Претставниците на граѓанскиот сектор имаа можност да научат повеќе за тоа како да добијат софтверски донации и донација во вредност од 5.000 долари на програмата „Microsoft Azure“ на „Мајкрософт“ за поддршка на граѓанскиот сектор, која во Македонија и на Балканот се спроведува од страна на Фондацијата „Метаморфозис“, преку платформата „Теchsoup Balkans“.

Фондацијата „Метаморфозис“ ги помага сите организации во имплементацијата на технолошките решенија.

Станува збор за организации кои најчесто работат на решавање на општествени проблеми, за најлесно да ги применат сите алатки за да се подобри квалитетот на живеење.

За набавка на софтверски решенија преку оваа платформа, како и за да добивате донации регистрирајте се на www.techsoupbalkans.org/mk/user/register.

Би можело да ве интересира

Мајкрософт ќе укине 10.000 работни места како дел од подготовките за рецесија

Ана Ололовска

ЕК одобри Мајкрософт да ја купи „Нуанс“ за 16 милијарди долари

Ана Ололовска

Рекорден нето профит на „Мајкрософт“ од преку 20 милијарди долари

Ана Ололовска

„Метаморфозис“ реагира на ставовите на ЗНМ и ССНМ: Отпуштената новинарка Мемети не ги известувала шефовите за гостувања во емисии и пишувала за други медиуми

Жарко Настоски

Промовиран Порталот за отворено владино партнерство

Мајкрософт ги затвора сите продавници и воведува само онлајн продажба

Ана Ололовска