Се одложи сведочењето на Ставрески, пратениците чекаат Јанкуловска да се појави пред Анкетна

Од:

Пратениците во Анкетна комисија наместо министерот Зоран Ставрески, чекаат поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, да се појави на сослушување. Јанкуловска ниту се наоѓа во Собранието, ниту беше повикана да дојде.

Апсурдот настана откако мнозинството пратеници го изгласаа предлогот на ВМРО ДПМНЕ, пред да се сослуша Ставрески, на денешната седница прво да се констатира кој од предложените сведоци не се појавил на сослушување. Изгласаната точка гласи Сослушување на Гордана Јанкуловска, Сашо Мијалков, Миле Јанакиески и Мартин Протоѓер.

Претседателот на Комисијата, Петре Шилего, посочи дека ваквата точка е спротивна на деловникот затоа што овие сведоци не се повикани да сведочат на денешната седница и дека не им е испратена покана. И покрај тоа за вака поставениот дневен ред гласаа ВМРО ДПМНЕ и ДУИ.

– Во ред ја повикувам Гордана Јанкуловска да влезе во салата – рече Шилегов откако беше утврден дневниот ред.

По 15 минути Шилегов констатираше дека сведоците не се дојдени и ја прекина седницата.

Би можело да ве интересира

Мизрахи бара продолжување на работата на Анкетната за Онкологија

A1on

Филипче: Реверсот не го оправдувам, за да има лек за сите паценти морале да го земаат

Сали побарал оставка од директорот Васев: Поранешниот министер сведочеше пред Анкетната за „Онкологија“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Шилегов: Поради бојкотот и блокадата од ВМРО-ДПМНЕ, Анкетната не функционира

Емир Латифовиќ

Собранието ја продолжи расправата за анкетна комисија за фалсификување лични карти

Емир Латифовиќ

Продолжува расправата за Анкетната за фалсификувањето лични карти

Емир Латифовиќ