Се одбележува Европската недела за помалку отпад

Од:

Отпадот од храна е една од главните теми на Европската недела за помалку отпад што од 22 до 30 ноември се одбележува низ цела Европа.

Изабел Марши – Барбо, претставник од француската Амбасада во Македонија денеска на прес-конференција на која беа презентирани активностите за одбележување на Европската недела за помалку отпад посочи дека активностите за намалување на отпадот во Франција ги засегаат сите, општинските власти, училишните установи, домовите, односно секој граѓанин.

За намалување на, како што рече, расипништвото на храна во Франција постои веб сајт каде секој граѓанин или секое здружение кое сака да депонира одреден проект може тоа да го направи. Лани тоа дало впечатлив резултат, бидејќи 500 до 600 проекти биле депонирани и изведувани активности низ цела држава.

– Замислата е во Франција да се делува претходно, бидејќи најдобар отпадок е оној што нема да се произведе. Се појавија интересни иницијативи заедно со агропрехранбените индустии со цел во ланецот на произџводство да се избегне претераното пакување на храната во пластични опаковки со што ќе се избегне користење на пластични ќеси, информира Марши – Брао.

Во ЕУ еден од главните концепти усвоен ова лето, според Антонио Јовановски од невладината организација Гоу Грин, е концептот на циркуларна економија со која предвидуваат над 580.000 нови работни места во Унијата, со рециклирање на 70 отсто од комуналниот отпад и 80 проценти од отпадот од пакување.

– Имајќи предвид дека отпадот во Македонија е сериозен еколошки проблем, пристапот што го предвидува овој документ за циркуларна економија е навистина одлична можност за решавање на овој еколошки проблем, но нуди и можности за Македонската економија, истакна Јовановски.

Тој посочи дека со различни активности Здружението се обидува за намалување и на отпадот од храна, кој е на високо ниво.

Ана Каранфилова – Мазневска, раководител за отпад во Министерството за животна средина и просторно планирање нагласи дека во Македонија полека, но сигурно чекориме на патот, кој го истрасирале европските земји во делот на управуавњето со отпадот.

– Остануваат депониите на крај, кои треба да ги направиме стандардни и што помалку отпад да депонираме на нив, а поголем процент да го реупотребиме, рециклираме или да го искористиме како енергенс. Околу 37 отсто од генерираниот отпад веќе се рециклира, се собира посебно и не завршува на депониите, но сепак пред нас стојат уште многу години работа, бидејќи тоа преку ноќ неможе да се промени, рече Каранфилова – Мазневска.

Наташа Бакреска – Кормушоска, менаџер за животна средина во Цементарница УСЈЕ информира дека во компанијата спроведуваат активности и практики кои што се во целосна согласност со заштита на животната средина и придонесуваат за унапредување на заедницата и квалитетот.

Во Европа се организираат над 10.000 настани по повод Европската недела за помалку отпад, а Македонија прв пат се приклучува во одбележувањето.

Би можело да ве интересира

Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто

Арсовска: Вработен во Ѓорче Петров имал дива депонија, општината била клиент, следуваат кривични пријави

Александар Тодески

Засадени 50.000 дрвја во Велешко, за две години 90.000 со акцијата за пошумување „Сончева Гора“

Откриен опасен отпад во близина на скопското село Орман

ЈП Дрисла: Градоначалниците на Кисела Вода и на Аеродром немаат договор со депонијата, каде го фрлале сметот досега?

Орце Костов

Полицијата на отпад најде нецаринети возила со странско потекло