Се намалува прагот на алармирање за загадениот воздух

Од:

Согласно новата уредба од 14 декември прагот на алрмирање за загдување со ПМ10 честичките се намалува од 188 милиграми на кубнен метар на 175 милиграми на кубнен метар среднодневна концентрација во текот на два последователни дена и добиена прогноза за стабилна временска состојба во наредниот период.

– Во согласност со новата Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри, од 14 декември 2019 година, прагот на алармирање на РМ10, се намалува од 188 mg/m3 и истиот изнесува 175 mg/m3 среднодневна концентрација во текот на 2 последователни дена и добиена прогноза за стабилна временска состојба во наредниот период, соопштуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во случај на надминување на овие вредности во два последователни дена се локалните и централните власти се активираат итни мерки за намалување на загадувањето.

Прагот на алармирање досега беше доколку во два последователи дена концентрацијата на загадувачки материи во воздухот е над 200 микрограми на кубен метар.

Би можело да ве интересира

Посебен режим за камиони, засилени контроли во сообраќајот, вонредни инспекции кај потенцијалните загадувачи – мерки за намалување на загадувањето

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух

Кој е најголем добитник од рудниците: Државата, локалните жители или инвеститорите

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

Врховен утврди начелен став дека државата е должна да обезбеди здрава животна средина, непреземањето дејствија е повреда на правата на граѓаните

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза