Се истражува загаденоста на Пеленица

Од:

Министерството за животна средина и просторно планирање извести дека обезбедиле финансиски средства за спроведување на детално истражување на локацијата Пеленица – Рупа, населба Драчево, а врз основа на прелиминарни информации кои укажуваат на тоа дека компанијата ОХИС на оваа локација во 1976 година депонирала одредена количина на HCH- отпад.

– HCH- отпадот бил спакуван во метални буриња и истите биле депонирани во две јами ископани на локалитетот. Јамите биле обложени со бетонски ѕидови и покриени со земја. Деталното истражување ќе опфати: ископување на сонди и земање и анализи на примероци од отпад/почва; дупчење на бушотини и земање и анализи на примероци од отпад/почва; инсталирање на бунари за мониторинг на подземни води и земање и анализи на примероците од подземните води, велат од МЖСПП.

„Анализата на примероците ќе се врши во Eурофинс, реномирана лабораторија во Холандија. Врз основа на добиените резултати ќе се направи проценка на обимот и степенот на контаминација, ќе се предложат опции за ремедијација на локацијата и ќе се проценат трошоците за предложените опции за ремедијација.

Се очекува теренските работи да се завршат до 11 ноември, а завршниот извештај со целокупната документација и проценките да биде доставен до крајот на годината“, се додава во соопштението на МЖСПП.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари