Се формира Коалиција за клима за поголемо учество на граѓаните во одлучувањето

Од:

Граѓански организации кои работат на едукација и информирање за темите поврзани со клима почнаа со формирање Коалиција за клима, со цел зголемување на учество на граѓаните во носење на одлуки и мониторирање за спроведувањето на истите.

Како што соопштија денеска од организацијата Еко-свест, климатските промени се вистински предизвик за сите влади и носители на одлуки, но според нив, притисок од јавноста е многу потребен со цел носење на поамбициозни климатски политики како и обезбедување на финансии за спроведување на истите. Посочуваат дека се потребни силно информирани граѓани и поврзани граѓански организации кои ќе можат да делуваат брзо и заеднички.

-Почнуваме една убава приказна наречена граѓанска Коалиција за клима која се надеваме дека ќе расте и ќе ги опфати сите сектори во земјата, бидејќи климатските промени се интерсекторско прашање кое навлегува во сите сфери на општеството. Ваквата коалиција ни е повеќе од потребна сега кога опоравувањето од КОВИД-19 кризата треба да значи зелен развој и раст на „еколошка“ економија, односно индустрија која нема да загадува и да прави штета. Заштита на здравјето и добросостојбата на граѓаните треба да биде приоритет и токму затоа одбравме на Светскиот ден за борба со опустинувањето и сушата да информираме за коалиција, рече Ана Чоловиќ Лешоска од Еко-свест

Коалицијата за клима почнува со 11 членови – граѓански организации кои заедно работеа на стратешките документи на оваа коалиција и кои имаат значајно искуство во работење на теми поврзани со климатските промени.

-Мисијата на Коалицијата е локална синхронизирана акција и силно општествено влијание и трансформација преку градење климатска култура. Целта се остварува преку грижа и почит кон локалните природни вредности, солидарност кон други иницијативи (локални и глобални), климатска акција и одговорност кон планетата. Визијата на Коалицијата е обезбедување квалитетен животен стандард на луѓето во благосостојба со животната средина, систем базиран на стандарди и безбеден за климата (Нискојаглеродна трансформација) и подигнување на климатската култура што ќе ја издигне Македонија како пример за регионот, истакна Кристина Бужароска од фондацијата ЦНВП и еден од основачите на новата Коалиција.

Како што посочуваат од Еко-свест, оваа Коалиција за клима е отворена за сите кои сметаат дека можат да придонесат на патот кон оваа еколошка транформација на нашето општество.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

Орце Костов

Еуметсат лансира нов европски метеоролошки сателит

Ана Ололовска

Тимерманс: Без одлука наместо лоша одлука на КОП27

Ана Ололовска

Светските музеи изразија загриженост по нападите на климатските активисти

Ана Ололовска

Климатолозите тврдат дека летниот мраз на Арктикот ќе исчезне до 2050 година

Ана Ололовска

Нов извештај на СМО: Температурите во Европа растат двојно побрзо од остатокот од светот

Ана Ололовска