Одложен Младинскиот самит за климатски промени во Скопје

Од:

Младинскиот самит за климатски промени што требаше да се одржи денеска во Паркот МКЦ е одложен поради тридневната жалост во земјата.

Инаку Младинскиот самит за климатски промени има за цел да ги вклучи младите во климатските политики и да ја зајакне младинската мрежа за климатска акција.

Како што информираат организаторите, Процесот на вклучување на младите ќе биде преку алатката „U-report“ и присуство на Самитот за климатски промени.

Младинскиот самит за климатски промени во Скопје е дел од процесот да се вклучат младите луѓе во преговорите за климатските промени. Самитот ќе им даде шанса на младите луѓе на возраст од 15 до 24 години да се вклучат во дијалог со креаторите на политики, да разменат мислења и да се поврзат со други посветени млади луѓе на животната средина и климатските промени.

Настанот претставува можност за младите луѓе да го кажат својот став и да земат свое учество во текстот на Младинската декларација за климатски промени. Декларацијата ќе биде документ што ќе ги отсликува погледите и ставовите на младите луѓе за климатските промени и ќе се сподели со локалните и националните институции, и ќе биде претставен на Младинскиот самит за климатски промени на Обединетите Нации, во Милано, Италија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

Орце Костов

Еуметсат лансира нов европски метеоролошки сателит

Ана Ололовска

Тимерманс: Без одлука наместо лоша одлука на КОП27

Ана Ололовска

Светските музеи изразија загриженост по нападите на климатските активисти

Ана Ололовска

Климатолозите тврдат дека летниот мраз на Арктикот ќе исчезне до 2050 година

Ана Ололовска

Нов извештај на СМО: Температурите во Европа растат двојно побрзо од остатокот од светот

Ана Ололовска