Извештај на ОБСЕ и „Аделфи“: Климатските промени и безбедноста нудат можности за соработка во Југоисточна Европа

Од:

Климатските промени се мултипликатор на ризик и влијаат на економиите, животната средина и општествата во Југоисточна Европа на сложени начини, се вели во извештајот објавен денеска од ОБСЕ и берлинскиот истражувачки и аналитички центар „Аделфи“ што се совпаѓа со Денот на планетата Земја и петтата годишнина од потпишувањето на Парискиот договор.

Извештајот „Регионална проценка за Југоисточна Европа: Безбедносни импликации од климатските промени“, кој идентификува ризици, жаришта, заеднички предизвици и можности за соработка, ги презентира резултатите од обемните консултации за климатските промени и безбедноста во регионот на ОБСЕ. Овие консултации вклучуваат серија работилници и истражувања и со учество на над 80 претставници на владини тела, граѓански организации, академската фела од Југоисточна Европа и регионални и меѓународни организации.

-Климатските промени се забрзуваат на глобално ниво и ефектите се чувствуваат низ Југоисточна Европа со зголемена фреквенција и интензитет на топлотни бранови, суши, поплави и пожари, се оценува во Извештајот.

Во документот се наведени и седум групи ризици кои, како што се посочува, се особено релевантни во однос на регионалната безбедност и стабилност, вклучително и земјоделството, туризмот, енергетиката, здравјето и шумите. Исто така, извештајот дефинира седум специфични географски жаришта, како што се заеднички речни сливови и заеднички планински екосистеми, и два важни предизвика заеднички за целиот регион: загадувањето на воздухот и миграцијата.

Пред сè, извештајот нагласува неколку можности за регионална соработка што треба да се искористат за да се решат безбедносните ризици поврзани со климата.

-Климатските промени се едно од најважните прашања во нашето време во политичката, економската, социјалната и еколошката сфера. Исто така, можат да се појават како безбедносно прашање кога се во интеракција со други притисоци како што се нееднаков економски развој, социјална нееднаквост и ограничувања на ресурсите. Овие предизвици можат да се решат само преку мултилатерален и кооперативен пристап, изјави генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Марија Шмид и додава дека во Југоисточна Европа, веќе е постигнат напредок со мапирање на споделени потенцијални ризици и дефинирање на заеднички решенија.

Уште во 1975 година, Завршниот акт од Хелсинки ја призна потребата за соработка за климатските промени како дел од сеопфатниот пристап на ОБСЕ кон мирот и безбедноста. Според Вук Жугиќ, координатор на економските и еколошките активности на ОБСЕ, консултативните процеси како овој се од голема важност за решавање на различните влијанија на климатските промени во областа на ОБСЕ.

-Благодарни сме на сите учесници во овој регионален процес на консултации. Голем дел од учесниците беа жени кои ја поставија сцената за климатска истрајност во регионот. Во нашите следни чекори, потребен ни е силен ангажман на жени и мажи, вклучително и на млади за развој и спроведување на мерките за соработка што дополнително ќе придонесат за безбедноста и стабилноста во регионот, рече Жугиќ.

Овој извештај е дел од проектот на ОБСЕ „Зајакнување на одговорите на безбедносните ризици од климатските промени во Југоисточна Европа, Источна Европа, Јужен Кавказ и Централна Азија“, финансиран од Андора, Австрија, Чешка, Германија, Италија, Лихтенштајн, Луксембург и од Норвешка, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

Орце Костов

Еуметсат лансира нов европски метеоролошки сателит

Ана Ололовска

Тимерманс: Без одлука наместо лоша одлука на КОП27

Ана Ололовска

Светските музеи изразија загриженост по нападите на климатските активисти

Ана Ололовска

Климатолозите тврдат дека летниот мраз на Арктикот ќе исчезне до 2050 година

Ана Ололовска

Нов извештај на СМО: Температурите во Европа растат двојно побрзо од остатокот од светот

Ана Ололовска