Се демонтираат шаторите од мобилната болница кај Инфективната клиника

Од:

Министерството за здравство информира дека денеска се демонтираат шаторите од мобилната болница која беше поставена како надополнување на капацитетите на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во случај на зголемување на бројот на пациенти на кои би им бил потребен хоспитален третман.

Мобилната болница „Role 2“ добиена како донација од Норвешка, имаше капацитет од 130 кревети и комплетна опрема. Болницата беше поврзана со топла врска со Клиниката за инфективни болести и фебрилни заболувања, а истата беше поставена во соработка со Министерството за одбрана и Армијата во март.

„Ова е голем успех што немавме потреба од дополнителни капацитети за згрижување на пациенти од ковид-19, бидејќи од почетокот на епидемијата во земјата постоечките болнички капацитети за хоспитализација на овие пациенти се стабилни и исполнети само 10 проценти. Успешно го амортизиравме ударот врз нашиот здравствен систем, но покажавме подготвеност да се справиме и со полоши сценарија“ – смета Министерот Венко Филипче.

Во меѓувреме со донација од Швајцарската амбасада се постави монтажната болница како дел од системот за понатамошното справување со ковид-19 во земјата.

Таа ќе се користи како КОВИД центар, а во иднина како ургентен центар на Инфективната клиника, каде што ќе се прави тријажа на пациентите, кои потоа ќе се распределуваат, согласно нивната здравствена состојба.

Би можело да ве интересира

Пациенитет од денеска можат да ја гледаат листата на чекање за хируршки интевенции

Министерството за здравство истражува дали имало дозволи за транспортот на мозоци во САД

Катерина Ѓуровски

МЗ за мозочните примероци: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност

Горан Наумовски

Министерството за здравство ги објави имињата на експертите од странската комисија за истражување кардиолошки и кардиохируршки операции

На Инфективна почина 69-годишен пациент поради компликации од грип

MЗ: Предлог-законот за заштита од пушење не уредува дали некој ќе пуши, туку определува каде тоа не смее да се практикува

А1он