Министерството за здравство истражува дали имало дозволи за транспортот на мозоци во САД

Од:

Министерот за здравство, Азир Алиу побарал да се анализираат податоците, кои се поврзани со случајот со испраќање на дел од мозоците на македонски пациенти на американскиот Универзитет „Колумбија“ за научно истражување. Тој истакна дека како ресорно Министерство не се надлежни за истрагата, бидејќи станува збор за истражувачки проект, кој почнал во 1996 година.

-За секој проект да биде почнат знаете дека има меморандум потпишан од двете страни, најверојатно меѓу институциите, коишто ги чуваат тие документи, или Универзитетот или МАНУ, или Институтот. Ние не сме надлежни за ниту една од овие три институции, надлежно е Министерство за образование и наука. Ние сме надлежни за давање лиценца или дозвола за да увезе материјал или да извезе материјал некоја од институциите и ние се фокусиравме во тој дел, појасни Алиу.

Министерот за здравство, вели дека работната група анализира дали протоколите се запазени согласно стариот Закон, кој бил важечки пред 30 години, бидејќи какошто објаснува, тогаш имало други процедури и МАЛМЕД не постоел посебно, туку бил дел од структурата на Министерството за здравство.

-Мислам дека не треба да брзаме со информации од типот на можни злоупотреби, бидејќи лично ако ме прашувате како човек не како министер и како Министерство ценам дека многу малку има можност за злоупотреби во овој случај, бидејќи се работи за истражувачки проект помеѓу две земји, а втората земја е САД, којашто има многу јасно дефинирани протоколи, кога се работи за биолошки материјал. Прво овој факт треба да го имаме предвид. Вториот факт што треба да го имаме предвид, што мене лично ми дава комодитет е дека можеби би имал малку дилеми за злоупотреби, бидејќи се работи за Универзитет, којшто е престижен, вели Алиу.

Министерот за здравство додава дека и научникот кој ги вршел истражувањата е човек којшто е познат како светски научник.

-И лично тргнувајќи од себе си, не би дозволил таа држава, тој Универзитет, таа лабараторија да би имала злоупотреби за импорт на биолошки материјал без да има јасно дефинирани протоколи. Но, лично ова е мое мислење, рече Алиу.

Тој истакна дека од групата бара одговори на прашања и информации како билошкиот материјал е испратен во САД. Алиу вели дека и според стариот Закон до 2018 година сите материјали, админстративни документи треба да се чуваат 15 години, а од 2018 година, според ЕУ директивите, сите документи се чуваат 25 години. Министерот за здравство Алиу вели дека токму поради тој смета дека некоја од институциите може да ги немаат овие документи во архивите.

Би можело да ве интересира

МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје

Горан Наумовски

Лекот Фостер повторно без доплата во аптеките

111 гостиварци побарале лекарска помош во викендот

Катерина Ѓуровски

Министерството за здравство уверува дека детално ќе го испита случајот на младата мајка која не може да оди по царски рез

МЗ: Состојбата во Гостивар е стабилна – нема нови лабораториски потврдени случаи на западно нилска треска.

А1он

Во Гостивар се намалува бројот на нови случаи, Мицкоски најавува наскоро исправна вода за пиење