Се чистат одрони од земја и песок на патот Нерези-Св. Пантелејмон

Од:

Денеска, од пред 7 часот наутро екипите на Општина Карпош интензивно работат на расчистување на патот од Нерези до Св. Пантелејмон, информираат од општината.

Интензивните поројни дождови и ветришта што ја зафатија Општината и Градот деновиве, нанесоа намети од песок и земја долж коловозот кон манастирот Свети Пантелејмон во Горно Нерези.

Повеќе од 40 комунални работници од Карпош во текот на целиот ден го расчистуваат коловозот од Средно до Горно Нерези, како и попатните паркинзи се до големиот паркинг околу манастирскиот комплекс. Притоа, се отстрануваат наноси од скршени гранки, земја и песок кој се собрале од поројните дождови и водите од Водно.

Се очекува манастирскиот паркинг и коловозот целосно да бидат расчистени во текот на денешниот ден, велат од Општина Карпош.

Би можело да ве интересира

32-годишен скопјанец пронајден мртов во семејниот дом

82-годишна жена е пронајдена почината во стан во скопски Карпош

Се препорачува многу внимателно возење во Дебарско поради одрони на патиштата

Јакимовски: Само една зграда во Општина Карпош е онака како што бара законот

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС