Локалните јавни претријатија од Битола ги чистат дивите депонии во градот, соопштија од секторот за односи со јавност на тамошната локална самоуправа.
Акцијата се врши на три локации, односно кај обиколницата над Битола до тунеелот на регионалниот пат Битола-Прилеп, патот кон село Бистрица и простор кај основното училиште „Коле Канински“, а текот на акцијата го набљудуваа градоначалникот, надлежните служби од општинската администрација и директорите на јавните претпријатија.
Акцијата за подобро животна средина продолжува и во следниот период, соопштина од Општина Битола.