Се бара притвор за дадилката која претепа дете во игротека

Од:

Основното јавно обвинителство бара да ѝ биде определен притвор на дадилката која вчера претепа двегодишно дете во игротеката „Дежаву“ во Скопје.

„Осомничената на 21 ноември, во игротека во еден угостителски објект, малтретирала двегодишно дете за кое била ангажирана како негувателка. Притоа таа повеќепати го удрила детето кое се здобило со телесни повреди. За ова кривично дело е предвидена казна затвор од една до десет години.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за осомничената“, информираат од обвинителството.

Настанот се случил околу 16 часот кога сопственикот на игротеката „Дежаву“ пријавил дека околу 11 часот при проверка на безбедносните камери забележал како женско лице во игротеката физички малтретира дете.

„Сабајле чуварот ми се јави, ми кажа дека жената го тепа детето. Ние ја објавивме снимката на „Фејсбук“ бидејќи не знаевме за кое лице станува збор. Пријавивме во полиција, а мајката дојде во игротеката плачејќи“, потврди вчера Зоран Василевски ПР менаџер на игротеката, за „А1он“.

„Се испостави дека станува збор за негувателка која ги чува трите деца за 500 евра месечно. Мајката била на работа, а таткото во странство. Станува збор за 59 годишна негувателка која била ангажирана од семејството да се грижи за нивните двегодишни деца“, рече Василевски.

Од Асоцијацијата на дадилки најостро го осудија однесувањето на дадилката и изјавија дека нивниот тим им стои на располагање на родителите доколку имаат потреба од било каква поддршка. Од Асоцијацијата тврдат дека по овој случај, сите дадилки, негуватели, воспитувачи и стручни соработници поради овој случај се ставени во положба на сомнеж, а сите родители се ставени во положба на страв и стрес доколку имаат или планираат да ангажираат дадилка.

„Ваквата состојба се должи на една долгогодишна анархија во областа на згрижување и нега на деца. Законот за заштита на деца е менуван неколку пати во изминативе две децении но сѐ уште не дава применливо и соодветно решение, особено во домашното згрижување на деца. Според последните измени на Законот за заштита на деца за работа како негувателка на деца во домашни услови доволно е кандидатот да има завршено средно образование (и тоа било какво) за да полага за лиценца за негувателка. Полагањето за лиценца е полагање за дозвола за работа и ниту на еден начин не е доказ за знаење, вештини и компетенции на една личност. Точно е дека кандидатите доставуваат и уверение за здравствена состојба, но дали истото е меродавно за да потврди дека личноста ги исполнува условите за чување и нега на деца. Вообичаено лекарското уверение е од страна на матичен лекар и истото не подразбира посебни психолошки проверки и процедури со кои навистина ќе се докаже дека личноста е соодветна за да работи со деца“.

Оттаму даваат пример кога на нивната обука имале кандидатка со уредни медицински наоди, од страна на менторите била оценета како личност која не исполнува услови за чување и нега на деца.

„Истата личност не се стекна со диплома за „Негувателка на деца“, но во моментот има поднесено документација за полагање на лиценца при Министерство за труд и социјална политика. Бидејќи ги исполнува условите, оваа кандидатка утре ќе се стекне со лиценца и ќе работи со деца. Кој тогаш ќе ја сноси одговорноста?“, прашуваат од Асоцијацијата и бараат ресорното министерство во најкус можен рок да усвои законски измени во однос на физичките лица кои работат во домовите на семејствата и згрижуваат деца.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Го претепа кучето со метална шипка по глава само затоа што извршило нужда пред капијата

Предраг Петровиќ

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Насилник со стап по глава безмилосно тепаше куче во Скопје, полицијата го приведе

Предраг Петровиќ

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он