Се бара Нобелова награда за Ламбе, револтот од бугарското вето ја оправда пироманијата

Од:

На социјалните мрежи уапсениот Ламбе Алабакоски е херој. Едни се организираат за протест за поддршка на Алабаковски со мото „и јас сум Ламбе“, други не престануваат со пофални зборови за подметнатиот пожар. „Дајте му Нобелова награда“, „рацете да му се позлатат“, „Ламбе секоја чест“, „Господ здравје да му даде“, „Ламбе за градоначалник на Битола“, „Ламбе Македонец, вака се чува татковината“, „сите на протест за Ламбе да го поддржиме“, „со право се нарекува Македонец“ и „браво Ламбе, да се прогласи за народен херој“ , се само дел од илјадниците коментaри со поддршка за Алабаковски. Револтот од бугарското вето за влез на Македонија во ЕУ, условите и барањата на бугарската страна во преговорите доведоа ниту еден од коментарите да не ја осуди пироманијата, казниво дело.

Поддршката тргна откако утрово министерот за внатрешни работи на „Фејсбук“ објави дека деноноќно работеле и успеале да го најдат сторителот. Иако во неговата објава Алабаковски е само со иницијали, СВР Битола, за дел од медиумите, речиси истовремено, потврди дека се работи за пејачот.

„Се работеше деноноќно да се изнајде сторителот, се земаа предвид сите докази, а по извршените службени разговори во изминатите денови, вчеравечер, со судска наредба, беше извршен претрес на две локации кои ги користи Л.А.(34) од Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, по што лицето е лишено од слобода. Уште еднаш покажавме дека единствената моќ што ја има секоја правна држава е моќта да го сузбие криминалот. И во овој сегмент нема „пардон“, нема заштитени лица – сите се еднакви пред лицето на законот, а секој којшто се огрешил – мора да одговара!“, стои во објавата на министерот Спасовски.

Апсењето на Алабаковски и ажурноста на полицијата во овој случај ги потсети граѓаните на пожарот во тетовската болница во кој загинаа 14 лица, а одговорност се уште не се бара од никого, како и на ред други нерешени случаи меѓу кои и инцидентот со пајакот пред ТЦ„Мавровка“ во Скопје.

За дел од граѓаните полицијата е „фашистичка, штити фашисти“, а меѓу коментарите има и по некој кој укажува дека палењето не е херојство.

„Сите го фалат, а некој да му каже дека, ок, политиката на соседот е идиотска и примитивна и секогаш ќе бидеме македонци, а палењето не е никакво херојство, детска работа, туку само им се дава материјал за провокации. А тој сега ќе стане популарен, и нема да постигне колку патриотски тезги ќе има, а овие што го фалат ќе си седат дома, слободни. Тој ќе се мотка по судови,и затвор сигурно, сепак потпали објект, без разлика на кого е, кривично дело е“, стои во коментарите.

Пожарот во бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола беше подметнат во саботата утрото во пресрет на средбата на бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска со македонскиот колега Бујар Османи во Скопје.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Пожарот кај Шибеник го гаснат повеќе од 50 пожарникари и „канадери“

Се запали воз во Белград

Горан Наумовски