Се бара истрага за вмешаноста на Филипче на Онкологија: Утре повторно протест пред Влада

Од:

Утре пред Владата во 18 часот ќе започне нов протест против криминалот во Клиниката за онкологија, а ќе се бара истрага за инволвираноста на поранешниот министер за здравство, Венко Филипче.

„Повторно Ве повикуваме на протест во понеделник пред Влада, заедно во еден глас да го искажеме гневот и револтот против сиот криминал кој со години тлеел на Клиниката за Онкологија, но и во целосниот здравствен и политички систем. Ние бараме задоволување на социјалната правда, и тоа е возможно само ако се понесе одговорност за згаснувањето на животите на луѓето како резултат на корупцијата. Правда за жрвите мора да има!

Протестот од Влада ќе продолжи пред зградата на Министерството за здравство каде ќе побараме ОДГОВОРНОСТ за сите инволвирани во скандалот со Клиниката на онкологија, но и за обелоденување на информациите околу истрагата за трагедијата во модуларната болница во Тетово, вклучувајќи ги лицата од МЗ како што се претходните министри кои влијаеле за заташкување на случаевите.

Повторно нагласуваме и за тоа дека измени во Кривичниот законик нема да ги аболицираат инволвираните од нивните злосторства, доколку ние тоа не го дозволиме.

УЛТИМАТУМОТ од минатата недела не е исполнет, особено барањето ОЈО да излезе со детали за текот на истрагата.

Нашите барања и УЛТИМАТУМ од овој протест, се:

1. Истрага за инволвираноста на поранешниот министер Венко Филипче и директорот Нино Васев
2. Проширување на истрагата на работата на Детска онкологија
3. Целосна ревизија на работата на Клиниката за Онкологија
4. Правосилни судски пресуди за сите инволвирани во злосторството и криминалот на Онкологија
5. Обелоденување на инфорамциите од истрагата за трагедијата во модуларната болница во Тетово!
6. Одговорност од ЈО кое одлучи дека нема кривичо дела во трагичниот случај со малата Јана од Битола“, стои во најавата за утрешниот протест.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Зошто не ги прифаќате мерките на СДСМ коишто навистина ќе дадат ефект?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

Случај „Онкологија“: Вештак од Србија укажува на пропусти, одбраната оспорува документација

Горан Наумовски

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Владата ја држи земјата во изолација, а граѓаните во сиромаштија

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%