СДСМ: Зврлевски повеќе нема да ги штити криминалите на ВМРО-ДПМНЕ, ќе има правда и живот за сите

Од:

„Граѓаните веќе ги чувствуваат првите резултати од новата реформска Влада предводена од СДСМ. Исплатени се земјоделските субвенции, како и студентските стипендии за последните пет месеци.

Ќе има и повиска минимална плата и таа ќе важи за сите работници. Ќе има и повисока просечна плата во државата. Државната поддршка за фирмите ќе биде зголемема за 100 пати што ќе овозможи нови и подобро платени работни места.

И ова се само дел од реформите што носат квалитетен живот за сите граѓани.

Заврши времето на антиреформската фамилија во раководството на ВМРО-ДПМНЕ која 10 години владееше криминално за лично богатење. Заврши и времето и на Марко Зврлевски кој ги штити нивните криминали и ја попречува правдата наместо да ја спроведува.

Македонија ќе биде правна држава со еднакви шанси за успех на сите“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!